„Моќниот Вардар го потопи Загреб“ (ФОТО)

Вардар славеше среде Загреб со 18-27 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите и го реши прашањето на патникот во следната фаза.

Хрватските медиуми веќе го отпишаа нивниот тим, иако има да е игра уште еден натпревар, а беа полни со комплименти за „црвено-црниот“ тим.

Насловите беа „Потоп во Арена“, „Моќниот Вардар го разби Загреб“, „Вардар среде Загреб одржа ракометна лекција“….

Реваншот меѓу Вардар и Загреб се игра следната сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19:30 часот.