Мојсоски нов ракометар на Работник

Дебитантот во македонската Суперлига, битолскиот состав на ХЈС Работник донесе уште едно искусно засилување. Станува збор за поранешниот македонски репрезентативец Златко Мојсоски кој пристигнува од редовите на скопски Работнички.

По Филип Чурлевски, Мите Караиванов и Градимир Чаневски тој ќе биде четвртиот македонски ракометар кој пристигнува во составот на Марковски и Зарков  наредната сезона.

Мојсоски настапува на десната крилна позиција и треба да донесе стабилност и искуство во редовите на новиот суперлигаш. Мојсоски со управата на клубот постигна договор за една сезона со можност за продолжување.