Мојсоски нема да патува за Франција!

На денешната прес-конференција по натпреварот, селекторот Обрван обелодени дека повредата на Наумче Мојсовски е посериозна отколку што се претпоставувало, затоа тој нема да патува за Тулуз на возвратниот дуел.

Мојсоски настапува во катарското првенство во екипата на Лeхвија, а во Скопје пристигна со повреда на шутерското рамото. Тој го одигра денешниот натпревар, имаше три обиди да го совлада Омејер, но ниту еден не беше успешен.
На негово место во репрезентацијата повикан е левиот бек на Металург, младинскиот репрезентативец Филип Талевски.
Натпреварот е закажан за недела 03.05.2015 со почеток во 17:05.