Мојсовски и Шундовски го освоија Купот на Романија

Екипата на ЦСМ Букурешт за која настапува нашиот репрезентативец Наумче Мојсоски, а тренер е поранешниот селектор на македонската репрезентација Звонко Шундовски го освои Купот на Романија. Првиот  трофеј во својата историја романскиот тим го освои победувајќи ја Стеуа во финалето 27-24 (11-11) откако предходно во полуфиналето ја елиминираше Констанца.

Наумче Мојсоски беше еден од творците на победата постигнувајќи шест погодоци.

Екипата на Букурешт со освојувањето на овој трофеј си обезбеди место во ЕХФ Купот, а во периодот што следува ќе биде сконцентрирана на освојувањето на титулата во романското првенство.

ФОТО: www.csmbucuresti.ro