Мотор „зариба“ во Букурешт кај Динамо

По ремито на гостувањето кај Холстебро, ракометарите на Динамо Букурешт ја остварија првата победа во Лигата на шампионите, откако славеа на домашен терен над украинскиот првак Мотор Запороје со 35:31 (15:13).

Гостите на стартот играа подобро, константно беа во предност, во една прилика со голот на Малашинскас и со 13:9, но потоа се случи можеби клучниот момент на мечот. Динамо направи серија од шест голови го презема водството на крајот на првиот дел.

Вториот дел тргна како што заврши првиот. Гостите стигнаа до 15:15, беше и 16:16, но потоа Вранковиќ и Естеки ја полнеа мрежата на Киреев, а Мотор правеше технички грешки во нападот. Сепак, гостите имаа уште една шанса за камбек, стигна до 25:24, 26:25, но попуштија најискусните Шелменко и Малашинскас, па немаше веќе назад. Динамо само рутински ја доврши работата до конечни 35:31.

Најдобри во домашниот состав беа Јаков Вранковиќ со 8 и Естеки со 7, додека кај гостите се истакнаа Шорока со 8, како и Шелменко и Малашинскас со по 7 голови, но со многу лоша реализација.