Мотор ги скроти „мечињата“ од Чехов, Кадетен поуспешен од Елверум

Започна новата сезона во Лигата на шампионите. Првиот натпревар во годината кога Вардар ќе ја брани европската титула, се одигра во Запорожје, каде Мотор славеше поубелдиво од сите очекувања над подмладениот состав на Чеховски Медведи со 36:23.

Победата беше обезбедна уште по првиот дел кога домашните водеа со 21:16, а најдобар поединец беше Малашинскас со 7 голови, додека кај гостите се истакнаа Корнев и Санталов со по 4. Овој натпревар е од групата Д, каде што ќе игра и Металург.

Во вториот денешен дуел, шавајцарскиот Кадетен Шафхаузен, беше подобар од норвешкиот Елверум со 36:30. Иако гостите добро се држеа во првиот дел, сепак домашниот тим во второто полувреме предводен од Часар и Марос, ја обезбеди победата.