Монпелје убедлив против Ст. Рафаел, ПСЖ бесрекорен по шест кола во француската Д1 лига

Француската лига одигра нова, шеста првенствена рунда пред ЕХФ неделата на почетокот на ноември. Се одигра коло каде фаворитите забележаа сигурни победи, а еден натпревар заврши со реми. ПСЖ е лидер, го следат Монпелје и Сесон, додека на дното е Шартрес без бодови.
Постигнати се следниве резултати во ова коло:

Аикс-ПСЖ 25-35(14-19),
Фаворитот забележа сигурна победа на ова гостување. Впрочем ПСЖ кој во својот состав има ултра квалитетни и звучни имиња, барем на почетокот на сезоната делува супериорно на сите фронтови. Ја имаше контролата врз мечот и играта и на оваа средба низ сите 60 минути со расположена бековска линија и цврста одбрана.
Стрелци: За ПСЖ, Хансен со 10 голови, кај домашните Мине со 6 голови. Омејер имаше 19 успешни интервенции.

Сесон-Иври 27-23 (12-11),
Екипата која играше на Струшкиот турнир ова лето, поседува цврста и силна одбрана со висока и корпулентна линија која е поставена на 7-7.5 метри пред својот голман. Натпреварот помина изедначено особено така беше во првото полувреме, за да во средината на вториот дел, домашниот состав пред својата верна публика направи исчекор кон победата и двата бода.
Стрелци: Сути со 10 голови за Сесон и Кејта кај гостите со 7. Голманот на Сесон, Кевин Бонефои имаше 13 одбрани.

Кретеј-Трембле 30-24 (15-9),
Борко Ристовски немаше забележителна улога на голманската позиција ниту во победата над составот на Трембле. Имено, Кретеј го контролираше резултатот низ сите 60 минути. Одличната транзиција од одбрана во напад, надополнета со расположените стрелци беше клуч за успехот и нови два бода, со што Кретеј има далеку поуспешна прва половина на сезоната од минатата сезона.
Стрелци: Алонсо кај Кретеј постигна 5 голови, додека Путич запиша 7 голови кај поразениот состав.

Данкерк-Нимс 34-27 (17-11),
Данкерк за нијанса е под нивото од минатата сезона според прикажаната игра, сепак забележа сигурна победа против Нимс. Гостите имаа лошо отварање во прво полувреме и се покажа дека тој дефицит е клучен за поразот кај Данкерк. Расположена бековска линија, поткрепена со брзи контри и полуконтри, како и борбена пикерска линија на 6 метри и крила кои знаат да се уфрлат на 6 метри како второ решение на линијата од шест метри во нападот на Данкерк беа повеќе од доволно за два нови бодови.
Стрелци:За Данкерк Мамиќ постигна 8 голови, кај гостите Саурина 10 голови.

Ст. Рафаел- Монпелје 25-34 (14-16),
Во натпревар на две силни екипи при врвот на табелата видовме одличен ракомет со атрактивни голови и акции. Гостинот односно тимот на Монпелје беше помотивиран и сконцентриран, па така на полувреме водеше со 14-16, контролата над резултатот ја имаше до 8 минути пред крајот и благодарение на цврстата одбрана имаше и водство од +4 односно 21-25. Сепак последните моменти од натпреварот најдобро ги искористија француските вицепрваци и на крајот дојдоа до убедлива победа за конечни 25-34.
Стрелци: Шимицу за Ст. Рафаел и Гајиќ кај гостите постигнаа по 9 голови.
Голманот на гостите Жерард имаше 23 одбрани.

Шамбери-Шартрес 34-24 (19-12),
Победа за составот предводен од македонскиот селектор Обрван. Шамбери после неколку слаби натпревари конечно ја прикажа посакуваната игра (како во изминатата сезона). Сигурниот напад (61 % реализација), и целосната контрола врз играта беа причина за очекуваниот резултат.
Стрелци: Матилуќ во редовите на Шамбери со 7, односно Мулиние со 8 голови кај гостите беа најефикасни на натпреварот.

Нант-Тулуз 26-26 (14-14),
Реми на двете екипи, во еден крајно изедначен натпревар за поделба на бодовите. Речиси сите параметри се изедначени, 60 % реализација кај Нант и 57 % кај Тулуз, 11 односно 10 изгубени топки кај Тулуз. Гостинскиот тим каде настапува репрезентативното крило Гоце Георгиевски, одигра солиден натпревар во Нант.
Стрелци: Клеир постигна 8 голови кај Нант, додека на натпреварот најефикасен беше Шеваљевиќ со 10 голови за Тулуз. Гоце Георгиевски имаше 33% реализација со 1 гол од 3 обиди.