Монпелје на мегдан против Вардар без еден од своите најдобри ракометари

Екипата на Монпелје која е следен противник на Вардар во ЛШ, во наредните три месеци нема да може да смета на услугите на еден од своите најдобри ракометари, Метју Греби. Францускиот репрезентативен лев бек заработи повреда на левото рамо за време на полуфиналниот натпревар на СП во Катар против репрезентацијата на Шпанија. По медицинските прегледи беше констатирано дека Греби мора да оди на операција, по која ќе следува период на рехабилитација во времетраење од три месеци. Ова се добри вести за Вардар ако се знае дека токму Монпелје е следниот нивен противник во ЛШ, а токму Метју Греби со 68 гола е еден од главните ракометари на францускиот тим.
Да потсетиме, на првиот натпревар во Франција против Вардар, Метју Греби беше стрелец на 11 погодоци.

Натпреварот помеѓу Вардар и Монпелје се игра на 14.2.2015 (сабота).