Монпелје е фаворит, но Металург игра најдобро против најдобрите

Ракометарите на Металург ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите. Откако загубија од Чеховски Медведи, изненадувачки минатиот викенд, сега „сино-белите“ од Автокоманда го пречекуваа апсолутниот фаворит во групата, францускиот Монпелје.

Квалитетот и силата е на страната на францускиот тим, кој славеше убедливо во првото коло во Франција против Металург, но македонскиот вицепрвак игра најдобро токму кога е однапред отпишан од сите. Играчите на тимот од Автокоманда и тренерот Јовиќ ветија подобра игра и оддолжување

По шест одиграни кола, македонски претставник од две победи против Чеховски Медведи и Спортинг Лисабон, едно реми против Запорожје и три порази. Монпелје е се уште без пораз, но во последно време има мал пад во формата, и во францускиот шампионат. Металург ќе настапи во истиот состав од минатото коло, додека нема измени ниту кај Монпелје

Состави:

МЕТАЛУРГ: Арсиќ, Томовски, Анѓелиќ, Димитриевски, Гуглета, Илиќ, Јагањац, Кузмановски, Лазаревски, Палевски, Пешевски, Петров, Серафимов, Танкоски, Токиќ и Велковски.

МОНПЕЛЈЕ: Афгур, Бинго, Бонефон, Кусе, Фустин, Жерар, Гигу, Кавтичник, Порт, Портнер, Ричардсон, Соуси, Туми и Трушановичиус.

Мечот меѓу Металург и Монпелје се игра вечерва со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски.“