Момир Илиќ ја предводи листата на стрелци во ЛШ, Дибиров втор

Српскиот репрезентативец во екипата на Веспрем, Момир Илиќ се наоѓа на првото место на листата на најдобри стрелци во Велукс ЕХФ Лигата на шампионите по две одиграни кола. Во првото коло против Чеховски Медведи, Илиќ постигна 11 голови, а во вториот натпревар против Ранј Некар Ловен 9 пати се запиша во листата на стрелците, и со вкупно 20 голови се наоѓа на првата позиција на листата на стрелците по две одиграни кола. Веднаш зад Илиќ со гол помалку, се наоѓа летечкиот русин од екипата на Вардар, Тимир Дибиров. Во Целје Дибиров беше стрелец на 11 гола, а на натпреварот против Рајн Некар Ловен постигна 8 гола. Третата позиција ја делат Арон Палмарсон од Кил и Александер Деревен кои имаат постигнато по 16 погодоци. Во најдобрите десет стрелци се наоѓаaт и Кирил Лазаров и Алекс Душебаев, а друштво му прават имиња како Михаел Хансен и Никола Карабатиќ.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПО ДВЕ ОДИГРАНИ КОЛА:


Момир Илиќ– (Веспрем,20 гола)
Тимур Дибиров-(Вардар,19 гола)
Александер Деревен-(Чеховски Медведи,16 гола)
Арон Палмарсон-(Кил,16 гола)
Деан Бомбач– (Пик Сегед,15 гола)
Алекс Душебаев-(Вардар,15 гола)
Хуанин Гарсија-(Натурхаус Ла Риоха,15 гола)
Кирил Лазаров-(Барселона,15 гола)
Михаел Хансен-(ПСЖ,14 гола)
Никола Карабатиќ-(Барселона,13 гола)
Јеспер Нодесбо-(Барселона,13 гола)
Бо Спелерберг-(Киф Колдинг,13 гола)
Миха Зарабец-(Целје,13 гола)
Золт Балог– (Пик Сегед,12 гола)
Драган Гајиќ– (Монпелје,12 гола)