Момир Илиќ се премисли, сака повторно во Бундес лигата (ФОТО)

Интернационалецот од Србија, кој е член на Веспрем, Момир Илиќ, после завршувањето на сезонава, сепак, нема да ја заврши кариерата како што имаше најавено и ќе продолжи со играњето. Шпекулациите кои кружеа во медиумите дека следната сезона ќе продолжи во Висла Плоцк исто така нема да се остварат, со оглед на тоа што Србинот не планира да се пресели во Полска.

На крајот на оваа сезона на Србинот му завршува договорот со Веспрем и единствено што планира е да се врати во Бундес лигата. Момир Илиќ има поминато седум сезони во оваа лига, a настапуваше во Гумерсбах и Кил со кој трипати ја освои Бундес лигата и двапати Лигата на шампионите.

‚‚Уште една една сезона или можеби две ќе бидам активен играч, а потоа ќе ја почнам мојата тренерска кариера‘‘, изјави Илиќ.

Момир Илиќ има 37 години и е на залезот на кариерата, но по се изгледа сè уште го нема кажано последниот збор во светскиот ракомет. А дека е најблизу до Гумерсбах можеби покажува и последната објава на ракометарот на Инстаграм на која се присетува на деновите поминати во германскиот клуб:

View this post on Instagram

#gummi@vflgummersbach

A post shared by momir ilic (@ilic_momir) on