Момир Илиќ донесе одлука – Ја заврши играчката кариера

Ракометарот кој имаше многу успеси во својата кариера особено како играч на Кил и Веспрем, Момир Илиќ после 2-3 месеци во кои постојано имаше различни информации околу неговата иднина одлучи да стави крај на шпекулациите и да соопшти што ќе прави следната сезона.

Одлуката е да се повлече од играњето, но сигурно е дека ќе остане во ракометот.

„Емоциите и понатаму се големи. Одлучив да ја завршам кариерата и сега сè ми минува низ главата. Сето она што го доживеав играјќи за Горење, Гумерзбах, Кил и Веспрем. Сепак, кога ќе подвлечам црта можам да бидам среќен. Имаше повеќе позитивни отколку негативни работи. Освоив голем број на трофеи, но пред сè секаде стекнував пријатели на терен и надвор од него, кои со мене делеа и добро и лошо. Минав шест преубави години во Веспрем, кој без дилема е еден од најголемите клубови според организација, навивачи, успеси и искрено верувам дека на најубав можен начин ќе ја завршиме оваа сезона со титула во Лигата на шампионите“.

Тој ја завршува кариерата, но останува дел од клубот бидејќи ќе работи во стручниот штаб.

„Би му се заблагодарил на раководството на клубот за укажаната доверба и понатаму да бидам дел од Веспрем, односно од стручниот штаб. Тоа ја покажува нивната ширина и чувство за локалност за клубот да биде уште посилен. Среќен сум што ќе учам ракомет кога е тренерската работа во прашање од врвни стручњаци, но ќе сработувам и со Ласло Наѓ, кој е спортски директор и верувам дека сите заедно уште доста ќе дадеме за Весапрем да биде уште посилен“, коментира Илиќ.

За него постоеја информации дека ќе се врати во Германија и таму ќе одигра уште сезона-две пред да ја заврши кариерата, но тој одлучи дека е веќе доста и време за крај на кариерата.