Можеби не сте знаеле: Во Битола се одиграл првиот меч од ЛШ (Фото)

Во септември почнува 25. сезона во ЕХФ лигата на шампионите, каде Македонија повторно ќе има два свои претставника, Вардар и Металург.

Ако во моментов Скопје е главниот ракометен град во Македонија, во минатото тој примат му припаѓаше на Битола. Токму таму во далечната 1993 година, на 29 август се одигра и првиот меч воопшто во лигата на шампионите.

Гостуваше тимот на Целје Пивоварна Лашко која победи со 23-22. За разлика од Пелистер, кој сезонава не успеа да избори место во ниту еден европски куп, словенечкиот тим е постојан учесник во лигата на шампионите.

Тренер на составот на тој натпревар бил Љубомир Савевски, а имало 12 ракометари: Стефановски, Андонов, Шундовски, Николовски, Зарков, Мирзамемедов, Коњавски, Новокмет, Петрески, Секуловски, Котевски и Алушовски.