Моберлинген куп: Шведска подобра од Холандија

Пред почетокот на СП во Данска, репрезентациите на Шведска, Холандија, Норвешка и Русија денес ги започнаа натпреварите од Моберлинген куп. На отворањето репрезентацијата на Шведска беше подобра од Холандија со 30:27 (17:16). Шведска беше предводена од Луис Санд со шест погодоци, додека во репрезентацијата на Холандија најрасположена беше Еставана Полман со десет погодоци.

Денес на програмата е вториот натпревар, а во него учествуваат Русија и Норвешка. За репрезентацијата на Русија настапуваат две ракометарките од ЖРК Вардар, Татјана Кмирова и Олга Черноиваненко.