„Мобелринген куп” :Франција рутински против Србија

На првиот натпревар од  „Мобелринген куп” одигран во Ларвик репрезентацијата на Франција беше подобра од Србија со 22:18 ( 13:8). Србија на овој натпревар настапи без Андреа Лекиќ, Сања Дамјановиќ, Катарина Томашевиќ, Драгана Цвијиќ, Кристина Лишчевиќ, Ивана Милошевиќ и Јелена Трифуновиќ. Во солидно издание се покажа голманката на Србија, Јована Рисовиќ која беше најзаслужна за минималниот пораз од Франција. Во селекцијата на Франција настапија и вардаркaтa Сираба Дембеле која два пати се запиша во листата на стрелци, додека Амандин Лејно блескаше на голот. Во составот на Србија најефикасна беше Билјана Банделиер со четири погодоци.

Фото: Photos Stéphane Pillaud – Sportissimo