Многу голови, пресврти и среќен триумф за Вардар Јуниор

Во рамките на плеј-аутот од Суперлигата силите ги одмерија два добро познати ривали. Радовиш на свој терен го пречека Вардар Јуниор и не успеа да победи и покрај тоа што имаше повеќе од играта. Гостите победија со 35:33, а триумфот го обезбедија во последните моменти од средбата.

Радовиш подпомогнат од својот најдобар ракометар, Ивица Илиев тргна подобро и полека започна да се стекнува со сериозна предност. Во еден период имаше 15:10 кои беа и највисоката предност на натпреварот, а полувремето го доби со 22:19.

Со стартот на вториот дел започна и патот кон пресвртот кој го приредија гостите до Скопје. Набрзо изедначија по што долго се играше гол за гол, па ни двата противници не успеваа да се одвојат. Одлуката падна во последните пет минути. Во тие моменти, ефикасноста беше на страна на Вардар Јуниор кој сепак победи.

Ивица Илиев како и вообичаено сезонава беше најубедлив со 17 гола. На другата страна Стефан Крстевски даде 12. Двете екипи се сигурни и не стравуваат од испаѓање во Првата лига.