Младост победнички се враќа од Штип

Екипата на Младост од Богданци славеше победа во рамките на плеј-аутот во Првата лига. Жртва им беше Текстилец кој на свој терен не успеа да се носи со противникот и загуби со убедливи 25:19. Овој дуел беше од голема важност за гостите, кои со победата му се доближија на првопласираниот Астрaион. Имаа иницијатива и почетна предност која ја одржуваа во текот на целата средба, а првиот дел го добија со 11:8.

Добрата одбрана која прими само 19 гола од Текстилец беше клучот за победата на Младост, кој потполно ги искористи слабостите на противникот и обезбеди нови бодови во плеј-аутот. Роглев и Стоилов дадоа по седум голови во победничкиот тим, а голманот Паунков имаше 12 интервенции.

Со оваа победа, Младост се искачи на втората позиција и е на еден поен до лидерот Астарион. Текстилец во следното коло има одново тешка задача бидејќи ќе игра токму против лидерот на табелата и тоа на гости.