Младост не раздава бодови во Богданци

Ракометарите на Делчево Вардар беа тежок ривал за Младост во Богданци, но не успеаја да изненадат. Домашните ракометари знаеја како да се изборат за трите бода на овој тежок дуел, па на крајот заслужено се радуваа.

Младост тргна силно и успеа да создаде предност од пет гола, 7:2, а тоа беше доволно за да се има целосна контрола во првото полувреме. Гостите не успеаја да се снајдат доволно добро така што останаа на овие пет гола негатива до крајот на првите 30 минути. На одмор беше 14:9.

Во второто полувреме Делчево Вардар се доближи на два негатива при 16:14, но не успеа повеќе, па домашните одново зголемија и до крајот успеаја да го одржат водството.

Ветеранот Ристо Узунчев со шест гола и Горан Лисичков со пет беа најефикасни во редовите на Младост, додека кај гостите најмногу голови успеа да постигне Мирче Милчевски. Тој беше стрелец на осум погодоци, додека седум имаше Гоце Ѓеоргиевски.