Младост имаше само 9 ракометари во ростер

Несудениот суперлигаш Младост реши да настапува во Првата Лига, откако не најде финансии за настап во најквалитетната конкуренција, но и во оваа, веќе е лесен залак за сите други екипи. По домашниот пораз од Текстилец, тимот од Богданци загуби од Преспа во Ресен со 29:16, а играше само со 9 ракометари во составот.

Во првиот дел, додека имаа сили гостите одолеваа на нападите од домашните ракометари, па заминаа само негатива од 2 гола на пауза, 11:9. Во второто полувреме, сепак нивната игра се распадна и Преспа стигна до убедлива победа со 29:16.

Во домашниот состав најмногу голови постигнаа Башевски и Шиклевски, по 8, додека кај Младост подобар од другите беше Гетов со 7 голови.

Фото: prespana.com.mk