Младоста на Металург поуспешна од брзината на Елверум (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Металург влегоа во победнички ритам во ЕХФ Велукс Лигата на шампионите. По почетниот пораз од Мотор Запорожје многумина предвреме го отпишаа тимот од Автокоманда во годинешното издание на најквалитетното ракометно натпреварување. Но младите металурзи потпомогнати од неколкуте искусни ракометари кои се движечка сила на клубот одговорија на најдобар можен начин. Најпрво минатото коло беше совладан швајцарски Кадетен Шафхаузен, а силата на младиот Металург вечерва на своја кожа ја почуствува и норвешки Елверум кој беше поразен со 22-19. Низ фотогалеријата на Филип Вирановски/24ракомет погледнете ги најинтересните моменти од втората победа на Металург во Лигата на шампионите.

[Best_Wordpress_Gallery id=”159″ gal_title=”EHFcl-Metalurg-Elverum”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ