Младите металурзи убедливи на стартот од сезоната

Ракометарите на Металург 2 кои на крајот од минатата сезона ја напуштија Супер лигата тргнаа со победа во новата сезона од Првата машка лига во група 1.

Металург славеше убедливо над составот од Пробиштип, Весна Акумулатори со 40:24 откако беше во предност во текот на сите 60 минути. Домашните тргнаа силно и поведоа со 10:3, а потоа овие седум гола ги одржуваа. Сепак, пред заминувањето на одмор разликата падна на четири гола, па гостите намалија на 19:15.

Во вториот дел, сепак, домашниот состав беше далеку поубедлив и успеа да наметне уште посилно темпо и да дојде до високи 16 гола разлика и конечни 40:24 со што дојде до бодови на стартот од сезоната.

МЕТАЛУРГ 2 – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ 40:24 (19:15)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

МЕТАЛУРГ 2: Божиновски, Василевски, Михајлов 1, Кондев 7, Меловски, Кофиловски 1, Гошевски 6, Митиќ 4, Лембанов 1, Ристовски 7, Додиќ 1, Младеновиќ 4, Прентовски 1, Тодески 5, Гајиќ 2.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 8 мин.

ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ: Милосов, Петковски, Трајковски, Доневски 1, Славевски 1, Арсов 6, Гласенчик 5, Петров 10, Јовчевски 1, Ѓорѓиевски, Митев, Младеновски.Седмерци: 1/2, Исклучувања: