Младите вардарки убедливи: Овче Поле СУ го плати долгот на Гевгелија

Откако ја испуштија победата над Гевгелија во второто коло, ракометарките на Вардар Јуниор го победија составот на Овче Поле СУ со убедливи 39:23 во рамките на натпревар од 3 коло од Женската Лига.

Гостинките од Свети Николе водеа само на стартот со 0:1, и 1:2, а потоа се беше во знакот на домашните ракометарки предводени од Симе Симовски. До полувремето обезбедија предност од 8 разлика, 19:11, а во вториот дел само ја дуплираа за плус 16, и конечна победа со 39:23.

Најдобри во домашниот состав беа Анастасија Николовска и Ива Божиновска со по 6 голови, додека по 4 дадоа Бојана Диневска и Ана Иванова. Кај Овче Поле СУ, Драгана Стојанова беше стрелец на 12, додека Марија Анчева даде 6 голови.