Младите вардарки се враќаат со бодови од Куманово

Македонскиот вицепрвак Вардар Јуниор, ја забележа втората победа во третото коло од Супер лигата, откако славеше на гостувањето во Куманово, кај истоимениот тим со 33:28, а на полувреме имаше предност од убедливи 21:11.

Залихата од десет голови беше голема, па ниту опуштањето во финишот кога домашните ракометарки почнаа да ја топат предноста, не беше пречка да се оствари победа. Во редовите на Вардар СЦЈС се истакна Нолевска со 9 голови, додека Митова и Керамичиева дадоа по 6, а голманките Белмезова и Петковска искомбинираа 21 одбрана. Во домашниот состав се истакна Боризовска со 9 голови.