Младиот репрезентативец Крстевки како “пантер” го одбрани македонскиот гол! (ВИДЕО)

По дебаклот кој во Гдањск го доживеаа сениорите, радост за сите љубители на ракометот пристигна од Швајцарија. Младинската репрезентација на Македонија ја декласираше Црна Гора, и со тоа обезбеди пласман на ЕП во Данска. Филип Кузмановски допатува од Гдањск и со десет погодоци го наполни црногорскиот гол, а покрај него одлична игра пружија и Јагуриновски со 7 и Крстевски со 5.
Токму средниот бек Крстевски покрај петте погодоци го имаше потегот на натпреварот. Младиот ракометар на Металург кој беше во игра со маркер, принудно се најде на голот и во ситуација еден на еден со фантастична одбрана на која можат да им позавидат и врвните ракометни голмани го скрати ударот на црногорското крило.
Прекрасната одбрана на младиот репрезентативец погледнете ја на видеото подоле.

Goran Krstevski !

Geplaatst door Ракометни Вести op zondag 10 april 2016