Младиот голман на Вардар во трка за одбрана на 4. коло во СЕХА (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Даниел Ѓорѓески е во трка за одбрана на 4. коло во СЕХА-лигата. Тој одигра одличен натпревар против Татран Прешов и навистина имаше неколку одлични интервенции после кои заслужи да се најде во најдобрата петка.

После гласањето ќе се одлучи, кој ќе биде со одбрана број 1 во колото, а Ѓорѓески е во конкуренција со Витали Чарапенка (Брест Мешков), Урбан Лесјак (Целје), Бојан Перовиќ (Војводина) и Клемен Ферлин (Горење).