Младинците ќе ги очекуваат противниците на ЕП од последниот “шешир”

Младинската репрезентација на Македонија со пласманот на ЕП во Данска ги израдува љубителите на ракометот во нашата земја. Првиот чекор е направен, но вистинскиот испит следува ова лето во Данска каде со сигурност не очекува тешка група. Македонија ќе биде сместена во последниот шешир, од каде во среда од 18:00 часот ќе ги добијат имињата на противниците од групната фаза.

Како противници во групата сигурни ќе ги одбегнеме репрзентациите на Русија, Шведска и Полска, а како носители се јавуваат репрезентациите на Франција, Данска, Шпанија и Унгарија.
Селекцијата на “шеширите” е правена според пласманот на ЕП во 2014 година, на кое нашата репрезентација го завзема претпоследното 15.место.

ШЕШИР 1: фРАНЦИЈА, УНГАРИЈА, ШПАНИЈА, ДАНСКА
ШЕШИР 2: ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА, ИСЛАНД, НОРВЕШКА
ШЕШИР 3: ХРВАТСКА, СРБИЈА, ХОЛАНДИЈА, СЛОВЕНИЈА
ШЕШИР 4: ШВЕДСКА, ПОЛСКА, РУСИЈА, МАКЕДОНИЈА