Младинците одработија тренинг во Доха, вечерва првиот пријателски натпревар со Катар

Машката младинска репрезентација на Македонија од вчера е во Доха каде утрово го одработи и првиот тренинг пред двете пријателски средби со домаќинот Катар, кои практично ќе бидат единствен тест пред настапот на Мундијалот во Алжир.

Селекторот Илија Темелковски на располагање има 16 ракометари кои против Катар ја работат последната фаза од подготовките. Првата од двете подготвителни средби со Катар се игра вечерва од 18:00 часот, а вториот натпревар е предвиден за утре од истиот термин.

Младинската репрезентација на Македонија настапот на Светското Првенство го почнува на 18 јули со дуел против Русија. Во групната фаза, нашите репрезентативци ќе се сретнат уште со Шпанија, Тунис, Бразил и Буркина Фасо. Четирите најдобропласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.