Младинците заминаа за Доха: Катар – единствен тест пред Мундијалот (ФОТО)

Младинската машка репрезентација на Македонија утрово замина за Доха, каде ќе одигра пријателски натпревари со Катар, како последен тест пред настапот на Мундијалот во Алжир кој започнува следната недела.

Селекторот Илија Темелковски на пат за Доха поведе 16 ракометари, а најверојатно истите ќе патуваат и за Алжир доколку нема непредвидени настани. Првичната цел на овие два дуели е да се види до каде е формата и да се тестира против африканска селекција што негува сличен ракомет како оној на Тунис, кој е противник во групната фаза.

По краткиот престој во Катар, младинската репрезентација на Македонија на 16 јули заминува за Алжир каде на 18 јули против селекцијата на Русија ќе го започне својот настап на Светското Првенство. Во групната фаза, Македонија ќе се соочи со Шпанија, Тунис, Бразил и Буркина Фасо. Четирите најдобропласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.