Младинците го закажаа првиот собир за ЕП во Данска

Машката младинска репрезентација на Македонија (У20) утре со почеток од 11:30 часот ќе го одржи првиот собир пред подготовките за ЕП во Данска. ВД селекторот на младинците, Александар Јовиќ го објави списокот од 16 ракометари со кои ќе ги започне подготовките.

На првиот собир кој ќе се одржи во салата Автокоманда во Скопје, селекторот Јовиќ повика искусни млади ракометари кои повеќето доаѓаат од двата тима на Металург. Македонија се наоѓа во групата Ц заедно со репрезентациите на Норвешка, домаќинот Данска и Холандија.

Нашите млади репрезентативци свое место на ЕП во Данска обезбедија преку квалификациите што се играа во Шафхаузен, против Швајцарија, Фарски Острови и Црна Гора. Европското првенство за младинци ќе се игра во периодот од 28 јули до 7 август 2016 година во градовите Колдинг и Вамдруп.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ:

1.Даниловски Никола –             Пелистер 08

2.Палевски Давор  –                    Металург

3.Димитриоски Димитар –      Металург 2

4.Јагуриновски Томислав –    Металург

5.Шилегов Мице –                     Металург 2

6.Блажевски Бојан –                  Металург 2

7.Крстевски Горан –                 Металург

8.Танкоски Марио –                Металург 2

9.Нелоски Марко –                  Металург

10.Арсеновски Филип –          Металург

11.Ончев Тоше –                       Вардар Јуниор

12. Трпчевски Стефан –          Вардар Јуниор

13.Димовски Александар –   Вардар Јуниор

14.Маркудов Андреј –            Пелистер 08

15.Дејан Кукуловски –           Вардар Јуниор

16.Илија Трпевски –                Вардар