Младинскиот репрезентативец Стефан Дрогришки во Констанца

Младинскиот репрезентативец на Македонија и член на РК Пелистер, Стефан Дрогришки од следната сезона ќе настапува во романската екипа Констанца. Младиот и талентиран ракометар од Битола оваа сезона во настапите од Супер лигата се покажа во одлично светло и беше еден од главните ракометари на битолскиот тим. Дрогришки игра на позиција лев и среден бек и Констанца ќе биде прво интернационално искуство за него.

Екипата на Констанца чиј тренер е поранешниот селектор на Македонија, Звонко Шундовски не успеа да ја одбрани двојната круна во Романија, и оваа сезона заврши на шестото место во националниот шампионат.