Младинскиот репрезентативен голман Филип Ивановски, од Металург Јуниор преминува во МРК Вардар

Младинскиот репрезентативен голман Филип Ивановски премина од Металург Јуниор во екипата на МРК Вардар. На Ивановски му истече договорот со Металург јуниор, а со оглед на тоа дека во таа екипа имаше статус на втор голман се одлучи да ја прифати понудата на младинскиот тим на Вардар кој со многу големи амбиции влегува на ракометната карта. Под раководство на легендата на македонскиот ракомет, Пепи Манасков, МРК Вардар најпрво има една цел а тоа е пласман во ракометната супер лига на Македонија, а понатаму и пласман во некој од европските купови што би било голем плус во кариерите на младите и перспективни ракометари. Ивановски заедно со Филип Талески беше еден од најзаслужните за пласманот на нашата младинска репрезентација на Европското првенство во Австрија во јули оваа година.

ивановски
www.rkmetalurg.mk

Покрај Ивановски, МРК Вардар веќе го ангажираше и Филип Чурлевски кој е син на легендарниот македонски репрезентативец Боро Чурлевски, и претставува уште еден од бранот талентирани македонски ракометари чие време допрва доаѓа. МРК Вардар со овие потези веќе покажува голема сериозност на полето на афирмација на млади и талентирани ракометари кои ќе добијат извонредни услови за усовршување и напредок во своите кариери, со што би се развиле во одлични ракометари и идни столбови на А тимот на Вардар и Македоонската репрезентација.