МЛАДИНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ГОЛМАН ТРАЈКОВСКИ ПОТПИША ЗА БОРЕЦ

По ангажманот на голманот на Макс Струмица, Александар Стојановски, екипата на Борец од Велес го ангажираше и голманот на младинската ракометна репрезентација, Огнен Трајковски. Трајковски(21) кој бил кадетски и актуелен младински репрезентативен голман ги има поминато младинските школи на Металург и Работнички, а беше дел и од квалификацискиот циклус во СРЦ Кале каде нашите младинци се изборија за учество на ЕП во Австрија. Минатата сезона настапуваше за екипата на Работнички во Суперлигата, а во престојната сезона ќе ги брани боите на Борец од Велес.