Младинската ракометна репрезентација ги започна подготовките

На 29ти јуни македонската машка младинска репрезентација го имаше својот прв собир. Спортската сала Автокоманда е збирното место каде до 1 јули треба да се комплетира списокот на репрезентативци кои ќе конкурираат за настап на Европското младинско првенство во Данска.

Младите македонски ракометари на почетокот на јули заминуваат на подготовки во Маврово од каде ќе патуваат за Хрватска и Словенија. Планирано е македонската селекција да одигра неколку пријателски натпревари со своите врсници од Словенија и Хрватска, по што ќе заминат за Данска каде ќе се натпреваруваат во групата Ц против екипите на Данска, Норвешка и Холандија.

Домаќини на Европското првенство кое ќе се одржи од 28 јули до 7 август ќе бидат градовите Вамдруп и Колдинг. Составот на Александар Јовиќ својот прв меч ќе го одигра на 28 јули во Колдинг со почеток од 17:45 против репрезентацијата на Норвешка. За наредниот ден е закажана пресметката со домаќинот Данска (20:00), а на 31 јули Македонија ја затвора групната фаза со дуелот против Холандија (18:00).

На поширокиот список се најдоа имињата на 22 репрезентативци кои ќе конкурираат за настап на ЕП2016 У20:

1. ТОМОВСКИ МАРТИН РК МЕТАЛУРГ
2. ДАНИЛОВСКИ НИКОЛА РК ПЕЛИСТЕР 08
3. ВЕЛКОВСКИ МАРТИН РК МЕТАЛУРГ
4. ПАЛЕВСКИ ДАВОР РК МЕТАЛУРГ
5. ДИМИТРИОСКИ ДИМИТАР РК МЕТАЛУРГ 2
6. ЈАГУРИНОВСКИ ТОМИСЛАВ РК МЕТАЛУРГ
7. ШИЛЕГОВ МИЦЕ РК МЕТАЛУРГ 2
8. КУЗМАНОВСКИ ФИЛИП РК МЕТАЛУРГ
9. КРСТЕВСКИ ГОРАН РК МЕТАЛУРГ
10. ТАНКОСКИ МАРИО РК МЕТАЛУРГ 2
11. НЕЛОСКИ МАРКО РК МЕТАЛУРГ
12. ТАЛЕСКИ ФИЛИП РК МЕТАЛУРГ
13. АРСЕНОВСКИ ФИЛИП РК МЕТАЛУРГ
14. ЛАЗАРЕВСКИ МИЛАН РК МЕТАЛУРГ 2
15. ОНЧЕВ ТОШЕ РК ВАРДАР ЈУНИОР
16. ТРПЧЕВСКИ СТЕФАН РК ВАРДАР ЈУНИОР
17. ДИМОВСКИ АЛЕКСАНДАР РК ВАРДАР ЈУНИОР
18. МАРКУДОВ АНДРЕЈ РК ПЕЛИСТЕР 08
19. ТРПЕВСКИ ИЛИЈА РК ВАРДАР ЈУНИОР
20. СЕРАФИМОВ МАРТИН РК МЕТАЛУРГ
21. ГАЈИЌ ГЛИГОР РК РАБОТНИЧКИ
22. КИЗИЌ МАРКО РК ВАРДАР ЈУНИОР