Младинките и се реваншираа на Црна Гора, славеа на вториот тест

Младинската женска репрезентација на Македонија им се реваншираше на Црногорките за вчерашниот пораз и славеше на денешната пресметка со 27-25.

На полувреме гостинките водеа со 14-15, но и покрај минималната негатива, избраничките на Јулијана Дамчевска се вратија во игра во вториот дел, имаа и предност од +4.

На крајот победата беше од два гола, 27-25. Голманката Амра Илјаз беше клучот на триумфот и ги откажа Црногорките во вториот дел.

Младинките ги очекува настапот на ЕХФ шампионатот во Литванија.