Младинките загубија убедливо од Норвешка, ќе разигруваат за пласман

Спротивно на успесите на машката младинска репрезентација, дамите редат порази на Европското првенство во Целје, Словенија. По убедливите од Хрватска и Русија, на крајот од групната фаза, Македонија загуби од Норвешка со 40:20.

По овој пораз, избраничките на Борче Марковски ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место групата 1. Покрај Македонија и Хрватска, во таа група ќе бидат Романија и Шведска. Овие два дуели ќе се играат на 1 и 2 август, со почеток во 13 часот.