Младеновиќ за 24 Ракомет: Со одлична атмосфера можеме до успех на Мундијалот

Ракометарот кој ја засили бековската линија, но и одбраната во репрезентацијата на Македонија, Михајло Младеновиќ одлично се вклопува во националниот тим и тој сигурно ќе има што да покаже на теренот. Тој ќе има голема улога и во одбраната, а тоа што со колегите почна да работи во последните неколку месеци не е никаков проблем.

„Добро сум прифатен од колегите, брзо се вклопив и одлично се разбираме. Долго играм со повеќето колеги во клубот и не ми е проблем да влезам во потребниот ритам. До почетокот ни остана уште малку. Тренираме силно и интнзивно и се надевам да почнеме со победа и да продолжиме така“, вели Младеновиќ за 24 Ракомет.

Денеска следува првата контрола против Чиле од 20 часот, а тоа е противник кој е во групата А. Во групата каде што е Македонија се составите на Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Нигерија.

„Очекувам да се бориме со Данска за прво место во групата. На прв поглед групата е лесна, но не ги знаеме добро ривалите. Публиката е наша, теренот е наш и тоа може да биде помош“.

Можноста да се добие предност против ривалите ја гледа исклучиво во нашите редови.

„Предност за нас е тоа што подолго време сме заедно и одлично се знаеме. Уиграноста и соработката со соиграчите и одличната атмосфера се нашиот плус. Ако атмосферата остане така на високо ниво може да се направи голем успех“, коментираше Младеновиќ за 24 Ракомет.