Мијајло Марсениќ ново име во “црвено-црниот” состав!

Српскиот репрезентативен пикер Мијајло Марсениќ (22) е нов ракометар во екипата на Вардар. Марсениќ потпиша тригодишен договор со “црвено-црните” и до 2018 година ќе настапува во “Јане Сандански”.

Марсениќ во својата досегашна кариера има настапувано за екипите на Беране, Партизан и Металург, а токму со игрите во македонскиот состав го привлече вниманието на Вардар по што и дојде до договор помеѓу двете страни. Српскиот пикер доаѓа во Вардар на местото на Михаил Чипурин, кој по завршувањето на оваа сезона најверојатно ќе го напушти “црвено-црниот” состав.

Со ангажирањето на Марсениќ, Манасков, продолжувањето на соработката со Душебаев како и најавите за доагањето на русинот Деревен, Вардар најавува формирање на млад и квалитетен колектив кој се очекува да игра значајна улога во ЛШ на подолги патеки.