МИХА ЗАРАБЕЦ ОСТАНУВА ВО ЦЕЛЈЕ ДО 2018

Словенечкиот шампион Целје Пивоварна Лашко успеа да задржи еден од своите клучни ракометари во своите редови. Централниот бек, Миха Зарабец (24) го продолжи својот договор и во Целје останува до 2018 година. Словенецот во 2014 година пристигна во словенечкиот шампион од екипата на Марибор Браник.

МИХА ЗАРАБЕЦ (ЦЕНТРАЛЕН БЕК, ЦЕЛЈЕ ПИВОВАРНА ЛАШКО):

Сакам да му заблагодарам на клубот што има доверба во мене. Потпишувајки пред две години за Целје, мислев дека ова ќе биде еден чекор повеќе во мојата кариера, но носејки го дресот на овој клуб сватив дека е достигнат професионалниот врв. Сигурен сум дека можеме да направиме големи работи заедно. Тешко е да се прогнозира за остатокот од оваа сезона со оглед на повредите со кои се соочуваат одредени ракометари. Сигурен сум дека ни престои светла иднина.