Михаловце на Антиќ реди победи во првенството на Словачка

Тимот на Наташа Антиќ, Јувента Михаловце продолжува со одличните игри во првенството на Словачка и со новата победа против Сокол Пишек со 33:27 само беше зацврстен врвот на табелата.

Михаловце победи на домашен терен во меч во кој имаше предност во поголемиот дел од средбата, а ова може да биде само добра вест за репрезентацијата на Македонија бидејќи Антиќ е една од голманките на коишто се смета за дуелите против Шведска и Србија во квалификациите за ЕП 2018.