Митјиланд е новиот дански шампион

Минатогодишниот учесник на фајнал фоур турнирот во Будимпешта – екипата на Митјиланд стигна до златото во данското првенство. Во финалната серија тие се сретнаат со екипата на Есбјерг и во првиот натпревар кој се играше пред една недела успеаа да победат со резултат од 23-22, додека во вчерашниот дуел натпреварот заврши нерешено 22-22. Со само еден погодок разлика 45-44 во вкупната финална серија, Митјланд се закити со залтото.

Пред повеќе од 3000 фанови, вчерашниот натпревар го отвори составот на Хеле Томсен но Есбјерг успеа да возврати брзо и да отиде со разлика од еден погодок на полувреме 11-10.

Вистински трилер се случуваше во вториот дел кога Митјиланд повторно ги зеде конците во свои раце, а Есбјерг успеа да изедначи на 5 секунди пред истекот на времето, но тоа не беше доволно за освојување на златниот медал.

Најфикасна во таборот на данскиот шампион беше Гроот со 8 погодоци, додека Јохана Алм ја додаде истата бројка на спротивната страна.