Митјиланд го совлада Флори и го освои КПК

Минатогодишниот учесник на Фајнл-Фор турнирот во Лигата на шампионките, Митјиланд оваа сезона го освои КПК откако во финалето го совлада Флори со 24:19 (13:9). Флори во Икаст пристигна со позитива од еден гол, но домашните ракометарки предводени од Јакобсен и одличната голманка, Сабине Енглерт уште од самиот старт ја потврдија фаворитската улога. Првиот натпревар одигран во Франција заврши со резултат 22:21 (11:11) за Флори.

 

Најефикасна во составот на Митјиланд беше репрезентативката на Шведска, Сабина Јакобсен со шест погодоци. Ист број голови постигна и Кабрал Барбоса за Флори.