Митревски се враќа во Битола: Македонскиот репрезентативец на голот на Еурофарм Работник

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е најновото засилување на екипата на Еурофарм Работник. 33-годишниот голман по две години поминати во романската Доброгеа Суд ќе се врати во родната Битола.

Во својата кариера Митревски настапуваше за Пелистер, Вардар, Металург, Бенфика и Доброгеа Суд. По четири години интернационална кариера, Митревски се одлучи да се врати во Македонија. Во прилог на овој трансфер беа и вестите од Романија, поточно од Констанца која се одлучи да направи комплетен ремонт на тимот. Еурофарм Работник ја засилува голманската позиција каде уште се Благоја Трајковски и Градимир Чаневски.

Наредната сезона битолчани се изборија за историски пласман и најверојтно деби во СЕХА лигата. Покрај регионалното натпреварување тие имаат загарантиран пласман во ЕХФ Куп, а за една недела ќе дознаат дали ќе добијат вајлд-карта за Лигата на шампионите. Сериозен предизвик за кои ќе треба да се состави навистина компетентен ростер ако македонскиот вицепрвак има амбиции да го нападне врвот во националното првенство и да ја пречека пролетта во европските натпреварувања.