Митревски: Секој натпревар има своја тежина, очекувам неизвесни квалификации до самиот крај! (ВИДЕО)

Повратникот на голот на Македонскиот национален тим, Никола Митревски, се надева дека добрите настапи за тимот на Бенфика ќе ги повтори и во репрезентативниот дрес. Допринесот од голманската позиција е итекако потребен во македонската репрезентација, a Митревски е голман кој секогаш знаел да даде импулс на играта на Македонија. Во продолжение погледнете ја неговата изјава во пресрет на трите квалификациски натпревари за пласман на Олимписките игри во Рио.