Митревски: Психички сме разнишани, но тоа нема да биде пречка да се радуваме против Металопластика

Еурофарм Работник стартуваше победнички во регионалната СЕХА лига, но двата порази во само три дена во Лигата на шампионите од Спортинг Лисабон и Савехоф ја разнишаа екипата, а во тоа се согласува и голманот Никола Митревски.

„Ни следи тежок натпревар со Металопластика, за нас нема лесни натпревари сезонава. Иако сме фаворити, не верувам дека ќе биде лесно. Млади се, играат борбено, парираа со сите ривали сезонава. Ние сме малку психички разнишани, но тоа нема да влијае на натпреварот в понеделник и верувам дека ќе се вратиме на победничките патеки. Ако го дадеме максимумот, мислам дека ќе се радуваме на победа“, изјави Митревски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Металопластика се игра в понеделник со почеток во 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.