Митревски: Подоцна ќе бидеме свесни што пропуштивме

Со победата над Чиле македонската ракометна репрезентација го заокружи неуспешниот настап на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио. Еден од актерите на денешниот натпревар, голманот Никола Митрески сè уште разочаран од вчерашниот натпревар изјави дека и на овој натпревар не покажале кој знае каква игра, но победата е важна како поттик за тоа што ја очекува репрезентацијата во јуни.

– „ После тоа вчера, најдовме сили да изиграме денес. Бевме разочарани како целиот свет да ни се срушил. Денеска не изигравме кој знае колку подобро од предходните натпревари. Победивме, имавме поголемо водство па малку попуштивме но важна е оваа победа. Важна за да добиеме малку на позитива за баражот што ни следува против Чешка. Малку подоцна ќе бидеме свесни што пропуштивме. Тогаш ќе биде потешко. Сега треба да се спремаме за Чешка во јуни и да избориме повторно учество на големите натпреварувања. “

На прашањето каква е атмосферата во репрезентацијата сега, Митревски изјави:

-„ Како што одминува времето ни е се потешко и потешко. Не ни се разговара. Не може да се опише.  Ако некому е тешко,  нам  играчите ни е најтешко. Не верувам дека некој повеќе од нас посакува да игра на Олимпијада. Тоа е врвот на секоја спортска кариера. Треба да бидеме заедно сега, некои најавуваат откажувања. Ова за Наумче беше последен натпревар, на сите ни е драго што тој беше МВП на овој натпревар и што победивме. Се надевам дека со Чешка ќе се покажеме во сосема друго светло. “