Митревски, Маркоски и Констанца им се вратија на победите

По изненадувачкото реми со Темишвар минатиот викенд, тимот каде играат двајца македонски интернационалци, Констанца, се врати на победничките патеки. Никола Митревски и Велко Маркоски славеа на гостински терен кај Иаши со 26:30, во натпревар од 4 коло во романскиот шампионат.

Митревски бранеше во четириесетина минути од мечот и забележа 11 одбрани, додека Маркоски стандардно беше дел од одбраната, но постигна и 1 погодок. Констанца во следното коло ќе се соочи на домашен терен со првакот Динамо Букурешт.