Митревска играше сама против сите, но Куманово убедливо ја победи Гевгелија

Куманово прослави висока победа над Гевгелија со 35:21 во натпревар од 6 коло во Женската Лига. Иако се очекуваше малку повеќе неизвесност на овој дуел, сепак домаќинките го решија прашањето на победникот уште во првиот дел кога водеа со 18:8.

Куманово отвори со водсттво од 7:0 и беше јасно каков дуел ќе има. Во вториот дел домашните водеа и со 15 голови разлика, а Гевгелија до крајот намали само еден гол од негативата за конечни 35:21.

Во Куманово се истакна триото Трајковиќ, Пеовска и Боризовска, кои постигнаа вкупно 23 голови, додека кај Гевгелија само Михаела Митревска отскокнуваше со 14 голови, а покрај неа уште три ракометарки се запишаа во листата на стрелците.