Митков лидер, Кремс стигна до победа над Фиверс

Македонскиот интернационалец Влатко Митков беше најзаслужен за новата победа на составот на Медикал Кремс над АОН Фиверс со 30:24, во рамките на 13 коло од австрискиот шампионат.

Против тимот со кој Кремс минатата сезона имаше големи проблеми, Митков сега беше одличен и постигна 8 голови, со кои имаше главна улога во домашниот напад.

Кремс сега се наоѓа на четвртото место, но само на три бодови помалку од лидерот Алпла Хард, а следниот меч ќе го игра на домашен терен против Линц.