Митков и Кремс убедливи против Брик

Тимот на Медикал Кремс, каде настапува македнонскиот десен бек Влатко Митков, ја забележа првата победа во австрискиот шампионат. Откако загубија на домашен терен од Ферлах и на гостински од шампионот Брегенц, ракометарите на Кремс славеа дома над Брик со 30:20 во меч од третото коло.

Митков на овој меч најчесто играше во одбраната и имаше две исклучувања, но и покрај имаше добро оставарување и во напад. Десниот бек беше стрелец на 4 голови. Следниот предизвик за Кремс ќе биде гостувањето кај АОН Фиверс.