Митков и Кремс со прва победа на гости

Тимот на Медикал Кремс, каде игра македонскиот репрезентативен десен бек Влатко Митков, славеше на гостувањето кај Линц со 29:27, во меч од третото коло на австрискиот шампионат.

Митков играше на овој меч и успеа да постигне 2 гола, од кои 1 беше од пенал. Кремс на стартот на сезоната игра во стилот топло-ладно, но радува добрата форма на Митков. Следниот меч за Кремс ќе биде против непоразениот тим на Алпла Хард.